Контроверзната ријалити и „Онли фанс“ старлета и екс порно актерка со македонско потекло Анѓела Митковски, попозната под прекарот Вештица до скоро уживаше во љубовта со познатото лице од Тик Ток. Тие до неодамна не престануваа да објавуваат заеднички видеа и фотографии, а пред неколку недели ја ставија својата љубов на сериозен тест.
Познатиот тик – токер Ненад Секулиќ, кој стана интересен за јавноста со своите видео клипови на кои се соблече речиси гол покажувајќи ги мускулите и телото, а неодамна проговори и за врската и свршувачката со старлетата Анѓела Вештица.
Сепак, старлетата сношти излезе да ја објави тажната вест: Судејќи по објавата, дошло до раскинување на свршувачката која се случила на 13 февруари. Видно потресена од постапките на партнерот, старлетата на сите им стави до знаење дека е длабоко повредена и во шок:
„13.02. е најдобриот ден во мојот живот, а денес е најлошиот. Кој би помислил дека човек кој верува во тебе може да остави сè и да си замине толку лесно. Срцето ми е растргнато на два дела додека некому му е сеедно вечерва“ – пишува во Инстаграм приказната на споменатата старлета. Што точно се случило и која е вистинската причина за заминувањето на момчето на Анѓела, останува да видиме.
Фото: Инстаграм принтскрин/therealandjela