Годинешниот натпреварувач кој беше меѓу фаворитите за победа на „Бовизија“, пејачот и познат јутјубер Андрија Јовиќ, кој настапува под прекаот Андрија Јo, доживеал семејна трагедија токму за време на музичкиот натпревар за избор на српски претставник на песна за Евровизија 2020.
Имено, бабата на младиот пејач починаа веднаш по неговиот настап на сцената на „Беовизија“. Тажната вест тој ја дознал кога се вратил дома, а потоа веднаш ја споделил на социјалната мрежа Инстаграм:
„Таа чекаше да заврши финалето и замина! Почивај во мир, бабо“ – напишал Јовиќ на своите Инстаграм приказни споделувајќи фотографија од неговата баба.