Радио Милева љубовен триаголник

На нивните медиумски препукувања им нема крај: Барбара Бобак повторно ја поткачи Марина Гагиќ: „Љубоморна е, ќе бидам мајка на нејзиниот син кога ќе се омажам за Дарко“

На нивните медиумски препукувања им нема крај: Барбара Бобак повторно ја поткачи Марина Гагиќ: „Љубоморна е, ќе бидам мајка на нејзиниот син кога ќе се омажам за Дарко“

Кавгата меѓу поранешнaта и сегашната партнерка  на пејачот Дарко Лазиќ ја интригира јавноста со денови. Имено, Барбара Бобак не престанува да ја провоцира Марина Гагиќ, поранешната свршеница на нејзиното момче Дарко Лазиќ, но ниту мајката на синот на фолкер не и останува должна.

Откако Марина ја прозва и се закани дека ќе ја претепа, Гагиќ порача дека нејзиниот поранешен партнер и неговата девојка не ги интеренсира, Барбара пак порача дека Марина е неважна.

Пејачката која се проба во „Ѕвездите на Гранд“ вели дека Марина се обидува на сите можни начини да се вмеша во нејзината врска со Дарко Лазиќ. Бобак за курир.рс проговори за заканите кои ги добила од поранешната девојка на пејачот. Таа потврди дека дошло до телефонски разговор, но дека не дозволила Марина многу да и се заканува.

„На кому му е гајле бре за Марина. Што воопшто се меша во нашата врска и тотално е неважна? Дарко и јас уживаме, таа е љубоморна на нас. Не обрнувам внимание на нејзините закани, неважна е. Нормално е дека сопруга на Дарко дека ќе бидам мајка на неговиот син, не знам што и пречи?“, вели Барбара.

Таа за Дарко вели дека тој е љубовта на неговиот живот и дека се родени еден за друг.

„Денес се разделивме и многу ми недостига. Тој има настап во Босна, а јас сум овде на една веселба, сега сум на пауза. Дарко е љубовта на мојот живот, ние сме еден за друг. Повеќе нема да давам изјави, не ме барајте, а и ми започнува настапот“, вели новата девојка на фолк пејачот.

Марина не се јавувала на телефон за да даде коментар на оваа изјава Барбара Бобак.

Потсетуваме, Марина и  Дарко ја раскинаа свршувачката пред некој месец, а сега пејачот ужива во нова љубовна романса со пејачката Барбара.

фото: Зорана Јевтиќ/Дамир Дервишагиќ/приватна архива/принтскрин/инстаграм

To top