Анастасија Ражнатовиќ успеала да ослабе дури 20 килограми, а како што вели проблемот со килограмите секогаш се јавува кога и е лош личниот живот. Младата пејачка се здебелила на нервна основа во пубертетот, бидејќи и било тешко кога мајка ѝ Цеца ги испратила заедно со нејзиниот брат Вељко на Кипар.
Фолк ѕвездата решила да ги тргне децата од Србија бидејќи во тоа време пејачката и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ издржувале казна домашен притвор.
– Празнината што ја чувствував бидејќи не бев со мајка ми ја надополнив со огромни количини храна, па качив дури 20 килограми. Не зборував со никого за работите што ме мачат, само јадев. И нездрава храна – грицки, хамбургери, газирани пијалаци… Така живеев шест месеци – ја започнува приказната Анастасија.
По три месеци, на Лидија заврши притворот, па веднаш отиде да ја посети својата роднина на Кипар.
– Уште тогаш се здебелив многу. Тетка ми беше во шок, не можеше да поверува дека сум јас. Кога се вратила во Белград и рекла на мајка си: „Сестро, Анастасија многу се здебели“. Мама ѝ одговорила: „О не, ја гледам преку видео повик. Можеби малку, но брзо ќе ослабее“. После половина година дојдов во Белград со кратки шорцеви и панталони но се на мене „пукаше“. Мајка ми се шокираше: „Црно дете, што направи?!“ Јас, бидејќи „пукав“ од самодоверба и со 20 кила повеќе, ѝ реков: „Добро мамо, што сега… малку се здебелив“.
Но, сепак, Анастасија набрзо решила да слабее.
– Процесот на слабеење траел долго, две-три години. Оттогаш се плашам да се вратам на старите начини. Затоа, штом се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам – вели Ражнатовиќ.
– Ја елиминирав нездравата храна и се трудев да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам готвени оброци, а генерално избегнувам ресторани за брза храна.
Младата пејачка признава дека понекогаш попушта и се почестува со нешто што ја дебелее.
– Ако јадам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за што побрзо да согорам калории. Клучот за добар изглед е дефинитивно редовното вежбање – заклучува Анастасија.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ