Пејачката Милица Павловиќ е позната како „секси сењорита“, која умее да ги заведува мажите со своето кокетно однесување, но не експериментира со имиџот уште од моментот кога се појави на музичката сцена.
Има неколку мали промени што пејачката ги прави од време на време, истото го стори и сега кога ја смени фризурата, но само донекаде.
И покрај тоа што е ситница, со оглед дека не ја промени бојата на косата, обожавателите на пејачката се воодушевени од нејзиниот нов изглед што го покажа на фотографиите со Николија Јовановиќ.
Истите настанаа на роденденска прослава на Стефан Орлиќ, на која присуствуваа и пејачи, како и Лепа Брена и други ѕвезди.
Во коментарите, на Милица и порачаа дека нејзините шишки се вклопуваат совршено, а дали станува збор само за привремена промена останува да се види.