Успехот на Александра Пријовиќ постојано им се припишува на Филип и Лепа Брена.
„Мојот брак е многу поголем проблем, повеќе им пречи на моите колешки, отколку мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми простат и да минат преку нив, но бидејќи се омажив за него, тоа не е така. Понекогаш испаѓа дека без Филип и Брена немаше да успеам. Акцентот е секогаш на него, без разлика што сама ги финансирам сите песни и спотови“ – изјави Александра Пријовиќ.
Таа решила да разјасни некои работи, па открива дека нејзината свекрва не е Лепа Брена.
„Морам пред се’ да кажам дека моја свекрва не е Лепа Брена, туку мајката на Филип, Зорица“ – изјави Александра за IDJTV, а потоа додаде:
„Брена е прекрасна жена која се грижи за семејството и е многу добар човек“ – заклучила Александра и истакнала дека има прекрасен однос со Брена и Боба.