Мегафон
„Познатите во венчаници”

На модната писта на “Wedding Expo Skopje” саемот за венчавки ќе продефилираат познати пејачки, актери, водителки, шоумени, мисици, спортисти..

На модната писта на “Wedding Expo Skopje” саемот за венчавки ќе продефилираат познати пејачки, актери, водителки, шоумени, мисици, спортисти..

Како што веќе е познато овој петок, 10 март 223 год. со почеток од 17 часот се отвора саемот за венчавки или “Wedding Expo Skopje 2023” во организација и реализација на магазинот „Во Бело“ и „Конгресен Сервисен Центар“.

Локацијата на одржување е хотелот Александар Палас. Посетителите кои ќе дојдат во петок ќе можат да присуствуваат на шоуто кое стартува во 20ч.

Како што започнува секоја свадба со музика и првиот танц, така и манифестацијата ќе биде отворена со музички настап на Бојана Скендеровски и танцов перформанс со аргентинско танго. Веднаш потоа на сцената ќе продефилираат познати лица: „Познатите во венчаници”, пејачки, актерки, водителки, мисици , спортистки, инфлуенсерки… во венчаници и свечени костуми. На сцената вечерта ќе ги видиме: Марјана Станојковска -„Лото 7“ , Драгана Левенска, Пулексенија Јовановска, Сања Савевска – „Брза кујна“, Лила Филиповска -„Се или нешто“, Мирослав Кацаров – „Г-Карпет“, Моника Црнокрак, Илариа Кирилов, Анѓела Јакимовска, Кристина Димитри, Ева Јакимовска – „Бекстејџ“, Сара Дамчевска, Ангелина Китановска, Стефани Бубало, а водителка и домаќинка на настанот ќе биде Ведрана Ѓоргевиќ.

Оние што ќе одберат да го посетат саемот во сабота и недела работното време е од 10 до 21ч, а на програмата се 7 модни ревии кои стартуваат од 12 ч. во сабота. Помеѓу ревиите има доста богата забавна програма за која ќе се погрижат Пламенка Трајковска, „Хепи енд бенд“ и „Дипломатик бенд“.

Саемот е од интернационален карактер, па така со свои изложувачки простор освен нашите најдобри дизајнери, фотографи, декоратери и др. На саемот има и дизајнери од балканските простори но и познати европски дизајнери. Околу 50тина изложувачи од свадбената индустрија на 1500м2 ќе се потрудат да ги решат сите слатки маки кои ги имаат идните младенци. Влезниците за саемот се купуваат на самиот влез на хотелот.

Влезниците можат да се набават и преку платформата купикартизасе.ком  за посетителите кои доаѓаат од други градови е организиран превоз преку Т.А Војаџер. Свеченото шоу (ревијата од петок) ќе се емитува на Канал5 ТВ во сабота во 21 часот.