Радио Милева летна естрадна жетва

На Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ и Сандра – Африка бизнисот им цвета – најбарани се ова лето и ќе заработат милион евра (ФОТО)

На Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ  и Сандра – Африка бизнисот им цвета – најбарани се ова лето и ќе заработат милион евра (ФОТО)

Повеќето пејачки летната сезона ја поминуваат работно и наместо на одмор, настапуваат со „полна пареа“, а меѓу оние кои се најбарани и најангажирани ова лето се Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ и Сандра Африка. Тие се најбарани оваа летна сезона и работат со полна пареа, што и тоа како ќе им се исплати. Трите заедно, наводно, летово ќе заработат повеќе од милион евра, што е секако богата естрадна жетва.

„Милица е најголемото изненадување за сите менаџери. Некогаш работеше за 8.000 евра, а сега зема 12.000 евра, понекогаш и повеќе, зависи каде настапува. Сите нејзини песни се хитови, клубовите каде што пее се полни. и сосема е логично што ја покачи цената на настапите. Па, неодамна 150 луѓе останаа пред клуб во Хрватска, бидејќи немаше место за сите, па сопственикот веднаш и го резервира првиот достапен термин повторно за неа. Сите го знаат тоа, убавата журка е загарантирана каде и да пее, а кафеаните се полни без никаков маркетинг.

Знам дека летово ќе настапува на 40 локации и ќе заработи повеќе од 480.000 евра“, изјави менаџерот, кој откри и како котира Рада Манојловиќ.

„Рада летово закажа 43 настапи, а во просек зема по 7.000 евра по тезга, се разбира, без бакшиш. Така на крајот на летото ќе биде побогата за минимум 301.000 евра! ​​Претходните години земала по 5.000 евра по настап, но откако нејзината сестра почна да ја води кариерата, цената ѝ скокна.

Најмногу пее во клубови и на приватни прослави, а кога ќе „убоде“ на настап на плоштад, може да заработи двојно повеќе“, вели менаџерот, кој истакнува дека Сандра Африка е на третото место за годинешната заработувачка ова лето.

„Сандра ми кажа дека сите пари од летната сезона ќе ги вложи во недвижнини, па од есен ќе изгради уште една зграда! Во тоа и помага менаџерот Александар Московљевиќ Микиша, со кој некогаш била во врска. Буквално секое евро што ќе го заработат го инвестираат во станови.

Таа моментално има 35 закажани тезги, но веројатно нема да заврши тука, бидејќи сопствениците на многу клубови во Црна Гора и Хрватска веќе ја бараат.Со оглед на тоа што во просек добива 8.000 евра по настап веќе се знае дека за два месеци ќе заработи најмалку 280.000 евра!“, тврди изворот.

Фото: Инстаграм/senoritamilica/radamanojlovic/sandraafrika

To top