Пејачката Милица Тодоровиќ ја прекина врската со актерот Петро Стругар пред почетокот на вонредната состојба заради корона епидемијата во Србија, во март годинава. Како што и двајцата признаа, сфатија дека работите во нивната љубовв не се одвиваат добро, а сега пејачката одново фрлила око, ни помалку ни повеќе, повторно на актер! И тоа не било кој!
Микел Морено е актерот што го видовме во филмот „365 дена“, а многу жени ширум светот „се заљубија“ со неговиот изглед. Меѓу останатите и Милица. Српската пејачка во неколку наврати го сподели свои објави на Инстаграм колку и се допаѓа Микел.
„Да се разбереме, светот е полн со убави и згодни мажи. Микел, во овој момент, има среќа да биде главен актер во филмот „365 дена“ за кој сите зборуваат. Не знам дали тој е најголемиот фраер на светот, веројатно не, но однеодамна, барем што се однесува до мене, да“ – вели пејачка, па признава што најмногу сака на него:
„Не ми се допаѓа само физичкиот изглед, туку сè што научив за него, и првенствено дека тој е уметничка душа. Тој свири гитара, глуми и црта. Сакам луѓе кои се вистински уметници“ – се отвори Милица за српски Телеграф.