Младата пејачка Милица Павловиќ била на ручек со пријател, а иако на почетокот уживала во сонцето и кафето, во еден момент толку многу и се слошило, па за да не се онесвести морала да пие лек, пишува ало.рс
„Милица беше многу расположена и се смееше. Нарача кафе и цело време разговараше со пријателот. Културно разговараше и со пријателот додека се мислеше што да нарача за јадење“ вели изворот кој бил на лице место.

„Во еден момент забележавме дека пријателот кој седеше со Милица почна да пребарува по работите, а Милица не изгледаше добро. Милица побара чаша вода од момчето кој ги служеше, но бидејќи тој не ги слушна, таа стана и тргна кон него. Сепак, изгледа дека поради наглото станување и беше уште полошо затоа што едвај стоеше на нозе“ вели изворот.
„Келнерот веднаш и даде чаша со вода, а таа го испи апчето и продолжи да се лади. Изгледаше исцрпено, а пријателот и препорча да пие овошен сок за да ја врати силата. После тоа слушавнем дека е многу изморена и дека е лошо бидејќи малку спие“ објаснува соговорникот.
Пријателот на Милица откри зошто и се слошило.

„Ми кажа за таа ситуација во ресторанот, точно е дека и беше лошо поради тоа што е изморена. Три дена нема спиено бидејќи е зафатена околу работата“ вели пријателот на пејачката.
По оваа ситуација, Павловиќ размислила за своето здравје и одлучила да се одмори. Во следниот период пејачката подготвува дует и планира да ги изненади фановите.