Фолк пејачот Миле Китиќ во неделата имал настап во околината на Добој, по што му се слошило. Итно била повикана Брзата помош со која фолкерот бил пренесен да прими инфузија, дознава Ало!
Медицинските сестри веднаш го препознале познатиот фолкер и му ја пружиле сета неопходна помош што му била потребна. За среќа, здравјето на пејачот сега е стабилизирано, а за да покаже благодарност кон медицинскиот персонал, тој им подарил ЦД-иња на вработените кои се грижеа за него. Персоналот во Брзата помош бил воодушевен од гестот на пејачот кој сега се чувствува добро, а колапсот најверојатно бил предизвикан како последица на премореност.
Фото: Инстаграм принтскрин/milekitic