Миа Костова на социјалната мрежа Инстаграм редовно споделува фотографии и видеа од нејзиното секојдневие, а овој пат со објавата им го привлече вниманието на сите.
Имено, таа вчера објави фотографија на која напиша дека има нова фризура, но и нова килажа.
– Имам нова коса и нова килажа 39 -че добредојде! – со насмевка откри таа, а честитките по повод роденденот почнаа да се редат.
Но, во доцните часови таа сподели и дел од вечерната атмосфера каде ја пречека големо изненадување од пријателите во еден ресторан.
Имено, додека Миа влегуваше во локалот пејачката Тамара Тодевска се сокри под маса и со прстот покажуваше сите да молчат, а наедно таа беше и ди-џејот на вечерта.
Па, откако влезе сите запејаа среќен роденден и ја разнежнија со тон емоции.
Миа потоа ја покажа и тортата која била во црна боја со црвени ружи, но и преубавата трпеза полна со декорации.
„Фала ви од срце, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша на фотографијата која со задоволство ја објави.
А потоа ги дувна свеќичките и се фотографираше со балоните со форма на бројката -39 ка.
Среќен роденден Миа!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костоав