Радио Милева
се здомија...

На Меган Маркл и принцот Хари, Опра Винфри им најде куќа од соништата на Беверли Хилс: Рамбо и Род Стјуарт им се први комшии (ФОТО)

На Меган Маркл и принцот Хари, Опра Винфри им најде куќа од соништата на Беверли Хилс: Рамбо и Род Стјуарт им се први комшии (ФОТО)
фото: гуливер гети

Меган Маркл и принцот Хари изгледа го пронајдоа домот од соништата во Лос Анџелес, во кој ќе се преселат по кратката авантура во Канада и по заминувањето од кралското семејство. Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека нивниот нов дом на Беверли Хилс е луксузната вила која му припаѓала на глумецот Тајлер Пери и чини околу 18 милиони долари.

Британските медиуми тврдат дека во изборот на вилата им помогнала нивната добра пријателка, познатата ТВ водителка Опра Винфри.

Луксузната вила има осум спални соби, дури дванаесет тоалети и се наоѓа во елитниот дел кој е познат по милионери и големи холивудски ѕвезди, а меѓу соседите им се и Род Стјуард и Силвестер Сталоне.

Фото: Profimedia/ гуливер гети

 

 

Останати вести од Радио Милева