Радио Милева лажна дојава

„На маж не се верува од прва“: Кој „и го смести“ на фитнес инструкторката Ана Стојанова? (ФОТО)

„На маж не се верува од прва“: Кој „и го смести“ на фитнес инструкторката Ана Стојанова? (ФОТО)

Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова  наголемо се подготвува за почетокот на новата сезона во 2023 година. Но, за да можеда биде предводник, лидер и пример за својата верна армија, воглавно жени што ги следи  нејзините фитнес програми за здрав живот, мора најпрвин и самата така да изгледа… Здрава, силна и мотивирана!

Токму затоа сексапилната велешанка ниту ден не пропушта да не го обави својот фитнес ритуал во теретана, каде ја билда својата става, ама и самодоверба, за да може со обете и понатаму таа да ги мотивира следбеничките на нејзините нови програми. Што значи и да студи и да врне и да вее и гужва низ градот да има, Ана мора својата дневна доза да ја одработи и во лето и во зима.

Арно ама Скопје не е Велес, па од точка А  до то точка Б не се стига баш за пет минути, особено ако низ градот има блокади, протести и штрајкови, што стана речиси секојдневна појава во последно време. Тогаш оди снаоѓај се да те видам… Но, Ана никако не сака да пропушти дневен тренинг по ниту една цена, па затоа наместо да бара изговор, побара совет за решение, како да ја избегне гужвата која „наводно“ тој ден требаше да ја има заради споменатите блокади на јавните превозници.

И опа, еве ја Ана одеднаш со идеја – „да се смрзнеш“! Инструкторката качена на веспа тргна да ја одработи својата дневна доза фискултура, по што „смрзнатата убавица“ се покаја и се почувствува како… мага**ца! Така барем самата се пожали!

Фактот дека сепак најде начин да си ја постигне целта ја направи среќна, што секако не го промени фактот дека испадна… тоа што и самата си кажа! Патем, дополнително се пожали дека не сакате да знаете колку е под капутот облечена… Особено не оној што знае како изгледа инструкторката кога е сосема соблечена.

Е, токму тој беше посочен како виновникот за нејзиното  „маг*ешко чувство“ откако дома се прибра како да се потела во ладилник! Затоа и прстот вперен во „главниот виновник“ со оптужба: „На маж не се верува од прва… Ќе те зафркне намерно или ненамерно“!

А, тој кутриот само сакал да помогне во дадената ситуација Ана што побрзо да стигне на саканата дестинација, но наместо помош со веспата „брзо и безбедно да одјава“, излезе дека и дал „лажна дојава“!  Човекот по се изгледа гледал „погрешни вести“, па испадна дека на госпожата… „и го смести“!

Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova

 

 

 

To top