Марија Луиса Тодоровска се чини ги живее своите „пет минути слава“ и од животот и од кариерата. За брзо време откако се „прешлта“ да настапува во македонската престолнина инстантно стана позната без ниту една своја испеана песна. Ама затоа Марија пее секоја вечер или речиси секоја и тоа не за ситна дневница туку за дебел бакшиш по што го доби прекарот „македонска кралица“… Која богато „го жнее“ бакшишот, додека некои други го делат едвај ситнишот!
А како и не би кога на неа се’ „се лепи“! Од „влажни машки погледи“ на нејзините разголени Инстаграм постови…
…Преку оние што со „очи ја пијат и соблекуваат“ на нејзините настапи, па се’ до богатиот бакшиш новчаници од девизи и денари, кои после секој тезга пејачката не може да ги доброи.
Арно ама, ако помисливте дека на Марија Луиса се лепат само пијани гости, евра, франци, денари или долари, верувајте дека сте во голема заблуда! Зашто на битолската убавица со скопска адреса на живеење деновиве и се случи и едно малку поинакво „лепење“!
Имено, роденден е денот што го чекаме цела година… барем кога сме деца. А кога ќе потпораснаме, баш и не е сеедно, ама ако… Нека е само за арно и нека се множат годините, како што и се множеа на пејачката која го прослави својот роденден.
Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, но затоа пак пејачката не ги ни крие. До душа, кој како го доживува она што го покажа, колку наполнила, ама… ајде!
Роденден без убави желби, честититки, подароци и торта не бидува, па затоа покрај сето наведено Марија Луиса Тодоровска доби и торта… И тоа в лице! Онака залепена како шлаг од шампита, што всушност наместо торта и беше!
Како роденденска шега наместо честитка или поточно во пакет со истата и тоа штом ја отвори влезна врата откако на истата и заѕвонија оние што ја „залепија“!
Така што сега, откако од „битолска“ стана „скопска“ многу е појасно што се’ и се лепи на Марија Луиса Тодоровска!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska