Радио Милева не трпи неправди...

На македонската учесничка во „Задруга“ и „стапнаа на опашка“: Вака дели клоци, шлаканици, тупаници… Дијана „Оу-Џи“ (ВИДЕО)

На македонската учесничка во „Задруга“ и „стапнаа на опашка“: Вака дели клоци, шлаканици, тупаници… Дијана „Оу-Џи“ (ВИДЕО)

Дијана Дурлевиќ или попозната под уметничкото има Дијана „Оу-Џи“ покажа дека не трпи неправди, па кога „ќе и стапнат на опашка“ и тоа како знае да „зар’жи“, а Бога ми и да подели неколку клоци, шлаканици и тупаници.

Имено, македонската (т)раперка е единствената наша претставничка кога е понежниот пол во прашање во новата, шеста сезона на најгледаното регионално ријалити „Задруга“!  Иако дама, која треба од раѓање до вечност да биде исполнета, но и да возвраќа со нежност, Дијана ја покажа и својата друга страна. Онаа машката, посилната, откако беше ставена во ситуација еден од останатите „задругари“ да ја „извади од ритам“.

До душа, уште отпорано позната како некоја која е „пис на јазик“ и ниту штеди, ниту бира зборови кога некому треба „да му го забибери“, Дијана овој пат она што умее да го изговори кога е нервозна, го преточи во акција на дело.

Имено, во „Задруга“ најпрвин дошло до „недоразбирање“ помеѓу неа и Божа – Џонс, бидејќи тој наводно украл од наградата што им ја додели Големиот шеф, по успешно завршената „Игра на вистината“. Препукувањето бргу прераснува во жестока вербална расправија, па откако русокосиот „задругар“ ептен „и стапнал на опашка“, Дијана полудела и раперката го „заплескала“, шутирајќи и удирајќи го неколкупати со клоци, шлаканици и тупаници.

При тоа, девојката од скопскиот асфалт не штедеше ниту зборови, па тепачката ја зачини со арсенал сочни пцости и вулгарности од типот:

„Распаднато педе*иште…! Десет црнци да ти го изн*пи*аат… Да те е*ам во пи*ка“! – викаш Дијана откако цимерите и обезбедувањето едвај ја раздвоија за да не го „парчоса“ колегата од „Задруга“!

Случајно или намерно, веднаш потоа на нејзиниот Инстаграм профил, кој додека таа е во релното шоу  го води друг администратор, осамнаа стиховите од една нејзина песна („Барби“), кои совршено коеспондираат со случката, како потсетување, кој е кој во случај и некој друг од „задругарите“ да се „закачи“  со  Дијана „Оу-Џи“.


Очигледно Дијана  „Оу-Џи“ не трпи неправди, па како изгледа кога раперката некој ќе ја навреди, проследете во видеото во продолжение:

View this post on Instagram

 

A post shared by Zadruga (@zadruga)

Фото: Инстаграм принтскрин/iamdijana.og/zadruga

 

To top