Радио Милева
вкус и сексапил

На македонската манекенка и српската пејачка им се поклопи вкусот, ама кој е посекси: Карлеуша во „зебра“ или Луческа под тушот? (ФОТО+ВИДЕО)

На македонската манекенка и српската пејачка им се поклопи вкусот, ама кој е посекси: Карлеуша во „зебра“ или Луческа под тушот? (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската манекенка и топ модел Виолета Луческа откако оддамна не е така агресивно експонирана  во јавноста како до пред неколку години.

По работата во Турција сексапилната прилепчанка се врати дома, па оттогаш приватноста повеќе ја крие отколку што ја покажува. Она што може да се види се фотографиите од сесиите направени за најпознатиот македонски бренд за долна облека и ноќници, на кој Лучето е еден од заштитните лица.

Иако веќе не го прави тоа така често, манекенката одвреме навреме знае да  ја освежи својата фотоколекција со нови фотографии. Животинскиот принт очигледно одново е во мода… Мора да е штом една Јелена Карлеуша ќе го стави на себе, односно ќе проба такво парче гардероба.

Овој пат вкусовите на белградската „мала од скандала“ и прилепската убавица им се поклопиле.

Карлеуша во вој стил и фазон, во зебра комбинезон со деколте до папокот однапред и деколте до анусот – одназад… А под него – ништо. Поп-фолк дивата пиштол гола!

Нашата убавица во сличен манир, кога е дезонот во прашање, а останатото – далеку од исто.

Ни однапред толку отворено, ниту одзади толку длабоко, напротив…

Само зебра – принтот ист… или барем сличен, во дезенот!  А, кој изгледа посекси и поличен, проценете сами на крајот на денот?!

Нам ни се чини дека сепак на Карлеуша многу посекси и стои „зебрата“, особено ако го фокусирате погледот над и под ребрата…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Луческа можеби не се разликува од српската пејачка кој знае колку по вкусот, но сепак, многу посекси изгледа… разголена под тушот!

Останати вести од Радио Милева