Радио Милева
неизмерно љубовна...

На македонската “Гранд ѕвезда“ Елена Миленковска новата 2024-та година не можеше да и започне поубаво: „Бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка“ (ФОТО)

На македонската “Гранд ѕвезда“ Елена Миленковска новата 2024-та година не можеше да и започне поубаво: „Бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка“ (ФОТО)

Македонската пејачка Елена Миленковска е една од оние ретките на  која регионалното музичко талент натпреварување „Ѕведите на Гранд“ и донесе двојна среќа. Со учеството и забележителните настапи во него стана регионално позната и популарна и надвор од границите на Македонија, а во истото го запозна својот сегашен сопруг Гуте Маринковиќ, со кого се вљубија, земаа и подоцна како плод на брачната среќа добија две прекрасни дечиња, Максим и Миона.

И додека баба и дедо од Скопје беа дојдени во Белград каде сега Елена и Гуте живеат и работат за да ги чуваат внуците зашто младата естрадно-брачна двојка имаше работни ангажмани за новогодишните празници и деновите пред и по нив, Елена и во првиот ден од Новата 2024-година имаше причина за двојна среќа!

Едноставно новата година на македонската “Гранд ѕвезда“ не можеше да и започне поубаво. Елена во првото јануарско утро доби бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка!

Имено нејзиниот брат Дејан во Скопје решил да ја запроси својата девојка  Андријана со што ја изненадил не само неа туку и целото семејство, па и сестра му Елена која воодушевена од гестот, радосната вест ја споделила на своите Инстаграм приказни со фотографија и пост:

„Поубаво не можеше да почне годинава. Си добив и снајка. ве сакам и нека ви е со среќа“ – напишала гордата сестра.

Она што првиот ден во Новата 2024-та двојно и го направи среќен радосен и љубовен, беше моментот кога нејзиниот син максим стана од спиење, па веднаш дотрча до мама Елена за со еден тополи искрен бакнеж да и ја честита Новата Година.

„Прва фотографија во оваа година. Целата нека биде вака љубовна“ – споделила во постот покрај фотографијата пресреќната мама Елена, на која  навистина Новата 2024-та година не можеше да и започне поубаво… Со бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка! Нека е со среќа и целата нека биде навистина ваква… Неизмерно љубовна!

Фото: Инстаграм/elenamilenkovskaa

Останати вести од Радио Милева