Радио Милева паркиран на плажа

На кркање со Вучиќ: Водителот добро знае дека секој ден не е Велигден, па од возење прејде на грчко јагне… на ражен! (ФОТО)

На кркање со Вучиќ: Водителот добро знае дека секој ден не е Велигден, па од возење прејде на грчко јагне… на ражен! (ФОТО)

Штом имаат малку слободно време, празник, споени денови… излегува дека соседна Грција не им бега на голем број нашинци!

Да отидеш во Грција, а да не се пофалиш каде си бил, што си правел, што си јадел и пиел… исто како да не си бил! Порано тоа се правеше дури откако ќе се вратиш дома, ама сега нема  што да се чека кога социјалните мрежи ти се на дофат! Правиш, сликаш, постираш, споделуваш и чекаш реакција… во вид на кликови, лајкови, коментари.

Така сите, така и тој – Драган Вучиќ, еден од многумината кои велигденските празници ги дочека на Белото море. Автобусот го паркираше дома, а тој се паркираше на плажа крај Егејот. Уште пред да седне во кафеана Вучиќ седна во фотелја… До душа импровизирана, ама затоа пак,  на плажа! Ама, не е само плажата за покажување.

Тука е и убавата куќичка лоцирана на самата плажа, со преубаво тревнато дворче и терасичка за мераци и уживање. Фотообјективот не е доволен, па Вуле ја вклучи и камерата за што поубаво да ја овековечи и опише глетката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dragce (@draganvucich_official) on

До душа, никаде не појаснил дали е тоа негова, куќа од пријателите или изнајмена, ама сеедно… Што е убаво и на Драгче му е драго! Како што му е драго и уживањето во кафеана, со добро друштво, по едно узо и ѕаѕики и хаванска пура в уста!

Знае Вучиќ како треба, „мачкан“ е со сите бои. Добро знае дека секој ден не е Велигден, па затоа не чекаше долго за да премине на главното: Од возење, на кркање со Вучиќ!

И тоа на грчко јагне на ражен! Патем, Христос воскресе… додека јагнето не фатило боичка и крцкава коричка!

To top