Радио Милева таа рече - ДА...

На концерт на Нина Бадриќ беше запросена Нина (ФОТО)

На концерт на Нина Бадриќ  беше запросена Нина (ФОТО)

Хрватската поп ѕвезда Нина Бадриќ одржа концерт во Брчко за  новогодишната ноќ. „Плоштадот на млади“ беше преполн со луѓе кои дојдоа со Нина да го прослават дочекот, а дел од атмосферата од настапот пејачката сподели на Инстаграм.

Во еден момент, додека ја пееше песната „Денови и години“, на сцената и се придружи пар од публиката.Нина во прегратка со девојката ги пееше стиховите од својата песна, на сцената одеднаш се појави момче кое клекна зад девојката со кутувче врака, во кое имаше веренички прстен. Тогаш Нина полека ја сврти девојката кон него, а момчето ја запроси својата сакана.Кога публиката сфати што се случува, моментот го поздрави со силен аплауз и френетични овации.

„Сношти е запросена една Нина. Кажа – ДА“ – напиша пејачката во описот на својата објава од овој романтичен чин кој се случи на нејзиниот новогодишан концерт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Фото: Инстаграм принтскрин/badrich

To top