Радио Милева

На Киа Коцкар и е откриено тумор на дојка?

На Киа Коцкар и е откриено тумор на дојка?

Киа Коцкар следната недела има закажано биопсија на Институтот на онкологија откако е откриена промена на левата дојка, пренесува „Ало“.

Последните десет дена таа двапати била прегледена на Институтот за онкологија од каде што била испратена на приватна клиника каде што и откриле промена на ткивото.

„Пред повеќе од две недели Киа посети една приватна клиника во Белград за да провери дали се е во ред. Докторот кој ја прегледа се загрижи кога забележа промена на левата дојка. И дада упат да оди на Институтот за онкологија и тамо да направи додатни прегледи и анализи“ вели извор и додава дека Киа утредента отишла веднаш на преглед.

„Во последните два дена Киа два пати беше на Институтот. Првпат, кога направи скенер на дојката, а вториот пат пред два дена кога ги доби резултатите и кога закажа биопсија. Според првичните резултати, се претпоставува дека е тумор, но за да утврдат за што се работи и закажаа биопсија за следната недела“, вели извор за „Ало“.

Киа Коцкар не била расположена да одговора на овие информации.

„Никогаш не зборував за своето здравје, па нема ни сега. Тоа е моја интима“, изјави Коцкар додека пред некој ден за медиумите изјави дека се е во ред.

To top