Последните денови се крена прашина околу наводниот развод на Северина и Игор Којиќ. Она што ги подгреа гласините е што српската снаа не се појави на неговиот концерт иако настапот беше договорен. Кеба во интервју за Еспресо.рс одговори дека не е имун на вестите кои изгледуваат во медиумите за неговиот син и снаата.
-Ме допираат таквите пишуања! Не можам да бидам неискрен, секако дека ме допираат и дека ми пречат. Но од која причина? Па затоа што не е вистина. И не ми е сеедно, ете.
Тоа веројатно е „подгреано“ што таа не дојде на вашиот концерт, на кој требаше да настапи?, прашува новинарот, а кеба вели:
-Причината навистина е оправдана. Не би сакал да зборувам и ширам, но причината е оправдана. На крајот на краевите не ви забележувам ниту вас. Вие очекувавте да се појави, а постои виша сила, постои некој детаљ, а за тоа не сакам да зборувам, како се враќа дома во Загреб и некакви глупости, вели Кеба.