Радио Милева

На Карлеуша и „мрда опашката“, но и Душко не е „цвеќе за мирисање“: Ова е македонската манекенката со која беше фатен фудбалерот во автомобил (ФОТО)

На Карлеуша и „мрда опашката“, но и Душко не е „цвеќе за мирисање“: Ова е македонската манекенката со која беше фатен фудбалерот во автомобил (ФОТО)

Трет ден во јавноста не стивнуваат вестите поврзани со секс скандалот помеѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Огнен Врањеш.

По скандалот со голите фотографии кои си ги објавија двајцата меѓусебно, на виделина протекоа сите секс афери на прељубничката двојка.

Медиумите на големо пишуваат и за поранешните неверства на пејачката, но и неверствата на нејзиниот сопруг кој многупати беше поврзуван со убави манекенки.

Една од нив е и Македонката, Марија Андоновска, со која пред две години Тошиќ беше фатен во автомобил во Истанбул.

Тогаш фудбалерот ги негираше шпекулациите дека имал афера со манекенката и тврдеше дека таа била девојка на негов добар другар.

Било каква врска или љубовна афера со сопругот на Карлеуша  негираше и самата Марија на својот Инстаграм профил, па дури се закани и со судски тужби:

„Бидејќи ме прозиваат во сите медиуми на Балканот, и се изначитав милион глупости за себе, должност ми е спрема себе и мојата фамилија да дадам кратка изјава за случајот.

Ниту сум била со Душко Тошиќ, ниту Ерол ми е дечко, вереник па најмалку од се, сите шо ме знаат се свесни дека невозможно е тоа да биде вистина.

За жал бев на погрешно место во погрешно време. Чудно е како за 10 секунди човек може да стане дел од нешто што нема врска со реалноста. Ако двајца луѓе се наоѓаат заедно во ист автомобил не е фер да се донесе заклучок дека причината е неверство.

Мене 5 минути слава не ми требаат, ниту пак реклама, во ниеден весник не дадов изјава, не ми е целта од ова популарност да добијам. 
Јас си имам свој живот, имам угледна фамилија, манекенка сум во слобододно време, но работам како архитект и имам професија на која сум горда. Затоа ве молам сите да ме оставите на раат, и да престанете со циркузот!

Никој ни по ниедна цена нема да дозволам да ми го руши угледот и да ми го валка името. 
Ме знаат сите која сум и каква девојка сум затоа немам потреба да се објаснувам. 
За сите лаги што ги изначитав за себе во конкретните портали и весници се гледаме на суд!!! Со почит, 
Марија Андоновска“ – напиша тогаш манекенката.

Инаку, Марија има и сестра Душица, двете се од Струмица, а во Истанбул биле заедно кога излезе во јавноста оваа афера.

Марија на јавноста претходно и стана  позната по своето учество и во спотовите на Елвир Мекиќ и Адријан Гаџа.

Извор: Курир.мк

Фото: Инстаграм принтскрин

 

To top