Радио Милева го чека вистинскиот момент?

На Јелена Спенџарска веќе не и се работи на телевизија: Презаситена од камерата или заталкана во професијата? (ФОТО)

На Јелена Спенџарска веќе не и се работи на телевизија: Презаситена од камерата или заталкана во професијата? (ФОТО)

Телевизиската кариера се билда со знаење, умеење, квалитет… Симпатиите кај  ТВ аудиториумот се стекнуваат или не со тек на времето, а довербата се гради заеднички со гледачите на кои им се обраќаш, со кои аудио-визуелно секојдневно комуницираш, умееш да ги ислушаш, соодветно одговориш, дадеш можност да си го кажат своето… Со текот на годините или стануваш препознатлив ТВ лик, ТВ бренд, ТВ ѕвезда која сите ја бараат и сакаат да ја гледаат или стануваш еден, односно една од многуте, тонејќи во морето од (под)просечности… Тоа е судбината на телевизиските лица, трето нема!

Неа ја гледате (речиси) секое утро на утринската програма на „Канал 5“ телевизија. Некогаш оваа беровчанка започна како статистка во музичките видеоспотови на македонските изведувачи, за подоцна да влета во водителските води. Случајно или намерно, Јелена Спенџарска стана дел од ТВ професијата која и помогна да излезе од анонимноста и да стане лице кое го познаваат и препознаваат.

Водителската професија очигледно и помогна да влета и во инфлуенсерските води во кои познатите фаци рекламираат разни брендови, производи и услуги, па Спенџарска не остана покуса и за ваквиот вид реклами на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Арно ама, на истиот тој Инстаграм беровчанката многумина шокираше и изненади, кога на своите приказни се појави со чудна приказна: Дека повеќе не и се работи!

Дека доживува нервни сломови зошто секое утро мора да оди на работа!!? Како другите да не одат?!

Дали водителката се (пре)заситила од својата работа или заради нешто друго професијата и дошла „преку глава“? Или пак „славата и удрила во глава“, па „преку леб бара погача“, што би рекла старата добра народна поговорка, знае само „од работа уморната“ беровка?!

Можеби одговорот самата си го дала, одговарајќи на едно од конкретните прашања поставени од нејзините следбеници на Инстаграм: „Дали размислувате за промена на професијата“?

А можеби и некој од ТВ куќата во која работи намерно пратил некого да и го постави, за на Јелена да и ја провери лојалноста кон телевизијата? Што и да е, еве што одговорила водителката, а со одговорот некако и самата ја потврдила тезата дека „не е венчана за професијата“, односно ја наговестила промената, по што ја наметнала и дилемата:

Дали на Јелена Спенџарска веќе не и се работи на телевизија, односно дали е презаситена од камерата или заталкана во професијата?

Ако набргу и се реши за промена, како што самата вели, кога ќе дојде вистинскиот момент, многумина ги заскокотка љубопитноста, што тоа Спенџарска друго би работела? Од нешто мора да се платат алиштата, рестораните, сметките, патувањата…!

Можеби одговорот го крие понекое од нејзните постирани Инстаграм видеа на кои Јелена покажува завидна умешност и креативност и за поинаква работна активност…

Рекламна, на пример?

Фото: Инстаграм принтскрин/jelenaspendzarska

 

To top