Алпинистката и сликарка Илина Арсова, а од неодамна и поранешна партнерка на Игор Џамбазов, од пред неколку месеци реши да тера кариера, доби професорска стипендија и замина преку океанот. Таа сега живее во Америка каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси.
Откако замина од Македонија, Илина поврзаноста со своиоте следбеници и фанови ја има преку социјалните мрежи, а особено поради тоа што е посветена и на мотивационите фитнес видеа кои ги објавува како предизвик и стимул за поздрав и покативен начин на живот.
View this post on Instagram
Сепак, напнатоста, негативната енергија и стресот некако станаа неизбежен дел од секојдневието, а оснататото е како ќе успееме да се носиме и справиме со тоа.
Како на Балканот, така и во Америка се разбира дека ништо не е розово, а Илина тоа го покажа преку еден негативен пример од секојдневието со кој се соочуваме постојано, а и секаде.
Па така, Илина овој пат јавно го откри својот револт кон колеџ студентите, односно кон нивната сообраќајна (не)култура, па напиша:
-Жал ми е што ќе го кажам ова, но колеџ студентите се лоши во возење… Честитки за неколку исклучоци, но генерално се разгалени деца со големи модерни автомобили кои се пракираат на пешачки премин, се ставаат пред велосипеди и пешаци и баш им е гајле за тоа… се почувствував дека повторно сум на Балканот, пишува револтираната Илина.
Балкански или американски, менталитетот е тој, само што возрасните групи веројато се разчини, а оние несовесните некаде се повеќе, а некаде помалку.
„Диши длабоко“ на Џамбаз е вистинската за вакви моменти, која веројатно почесто треба да биде на плејлиста, па вели:
„Земи воздух и диши длабоко, затвори очи, па диши длабоко. Исклучи уши и диши длабоко. Растерај мисли …