Радио Милева мета на негативни критики

На Хали Бери и порачаа дека не е способна да задржи маж, а таа имаше брутален одговор за „хејтерите“

На Хали Бери и порачаа дека не е способна да задржи маж, а таа имаше брутален одговор за „хејтерите“

Американската актерка Хали Бери на социјалните мрежи сподели нова фотографија која наиде на бурни реакции од нејзините следбеници.

Проблемот настана бидејќи актерката застана на страна на жената, па многумина тоа им сметаше и ја искритикуваа на брутален начин.

„Жените не ти должат ништо“, напиша актерката, а веднаш ја нападнаа хејтерите кои и порачаа дека не е способна да задржи  ниту еден маж.

„Ова го тврди жена што не може да задржи маж“, напиша еден следбеник, но Хали брзо му одговори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Сепак, друг следбеник даде сличен коментар под објавата.

„Со сите ваши достигнувања, слава, убавина, сепак се чини дека не можете да задржите маж“, напиша тој.

Актерката повторно не остана должна.

“Кој рече дека сакам да ги задржам? Сакам да живеам најдобро, ако направите погрешен потег, поправете се, вратете се и започнете сè одново”, напиша Хали.

 

Во септември минатата година, таа откри дека во моментов е во врска со музичарот Ван Хант.

To top