Радио Милева
му годи...

На големо се коментира реакцијата на Бен Афлек кога на Џеј Ло и доделија награда (видео)

На големо се коментира реакцијата на Бен Афлек кога на Џеј Ло и доделија награда (видео)

Џенифер Лопез доби Icon Award на доделувањето на наградите на iHeartRadio и одржа говор на кој со гордост присуствуваше нејзиниот партнер Бен Афлек.

Камерите го уловиле гордиот Афлек како аплаудира со насмевка на лицето, гледајќи кон сцената каде што се наоѓа Лопез. Тој бил во друштво на неговиот син Самуел и ќерката на Џенифер, Ема.

Покрај Афлек, Ема била видно расположена и горда на својата мајка и аплаудирала.

На Твитер профилот на iHeartRadio е објавено видео со порака: „Знаете дека Бен Афлек мораше да се појави и да ја поддржи Џеј Ло“.

Заносната Џенифер и оваа вечер блеснала, облечена во маслинесто-зелен фустан.

„Ова многу, многу го ценам. Би сакала да можам да ви кажам дека наградите ми се најважни, но тоа не е вистина. Немојте да мислите дека затоа не ги ценам блескавите работи како оваа, бидејќи ги ценам. Не можам да лажам, сите знаат дека го ценам тоа. Не го правам ова поради нив, тие не ми се најважни. Навистина го правам ова за вас“, истакнала Џеј Ло.

Останати вести од Радио Милева