Српската поп-рок пејачка Гоца Тржан е на годишен одмор. Грција или поточно Лефкада е нејзиното летно одредиште, каде кулира, се релаксира, го потемнува тенот, максимално ужива во денот на прекрасните песочни плажи кои ги поседува оваа дестинација.
Време минато како во бајка. Особено ако си со саканата личност на вистинското место. Само што овој пат пејачката на фотографиите покажа нешто што може да се нарече „љубов во залез“!
Нееее… не се секирајте, не е никако тоа што на прв поглед ви изгледа! Залезот е самиот по себе убав, ама само кога се работи за сончевото зајдисонце! А токму на едно такво пејачката и ги направила фотографиите. Што сама, што во прегратка со нејзиниот млад сопруг.
И после некој нека каже дека љубовта не може да ти цвета и кога е фатена… во залез!