Српскиот фолкер Радиша Трајковиќ – Ѓани важи за една од најбараните пејачи кога станува збор за приватни забави, веселби и свечености.
Деновиве Ѓани настапи на една прослава каде заработи повеќе од добар бакшиш.
Имено, гостите цело време го китеа и украсуваа со банкноти што ги држеше во рацете, но и на челото, а во еден момент му направија и крагна од евра. Судејќи според фотографиите и видеото, тој за неколку песни, заработи приближно околу три просечни годишни плати.
Инаку, на истата прослава присуствуваше и пејачката Катарина Грујиќ, која во неколку наврати и го снимаше Ѓани додека пееше, но за неа нема информации ниту видео и фото докази колку заработила, но суејќи по дарежливоста на домаќините и нивните гости, не ќе да е подолу од колегата… А, можеби и многу повеќе од него!
Фото: Инстаграм принтскрин/katarinagrujic.doll