Денеска со почеток во 19 часот на Факултетот за музичка уметност, студентите и професорите ќе одржат хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.
Кога човештвото се соочува со вакви трагедии и искушенија секој започнувајќи од себе треба да даде нешто свое за нов почеток. Болката за изгубен живот е огромна и отвора рани, но солидарноста е таа која ќе започне една нова етапа.
Ние како музичари, студенти и професори на Факултетот за музичка уметност ве повикуваме преку музика да дадеме нешто свое, за нас малку, за нив цело богатство.
Ве покануваме да бидете дел од еден поразличен концерт на кој заеднички ќе укажеме почит и солидарност кон настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.
Концертот ќе се одржи на 20.2.2023 год.(понеделник) почнувајќи од 19 часот во големата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Влезот ќе биде слободен. Дополнително ќе бидат поставени кутии од Црвен крст и секој кој сака ќе може да донира според своите можности.Програмата ќе биде исполнета од различни инструменти и изведувачи.
Како специјални гости ќе настапат и Женскиот младински хор при МКЦ, велат организаторите.