На 27-ми Август општина Кривоштани за прв пат ќе го организира Фестивалот на пиперката. Целта на фестивалот е да се прослави црвеното злато на Кривогаштани преку убава музика, храна, дружење и забава. Покрај промоцијата за локалните производители и агро бизниси, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонски изведувачи. Па така на фестивалот ќе настапат: Игор Џамбазов и Гуру Харе, Андријана Јаневска, Елена Велевска и Драган Темелковски – Џони. Покрај нив на програмата се и локални изведувачи а ќе има и диџеј.
„Бидете подготвени за добра храна, музика и забава,“ посочуваат организаторите Општина Кривогаштани во соработка со ЛАГ Агро Лидер!