Радио Милева во кадарот - соло, во излогот - „дупло голо“...

На Емилија Розман ветерот во Марбеља и направи белја: Убавото девојче „дупло голо“ под летното фустанче? (ФОТО)

На Емилија Розман ветерот во Марбеља и направи белја: Убавото девојче „дупло голо“ под летното фустанче? (ФОТО)

Емилија Розман важи за една од најубавите Македонки. Мисица, манекенка, модел со пропорционални телесни атрибути. Атрактивна, згодна, пожелна, секси…

Од друга страна исклучително умна и интилигентна, академски образована, хуман крводарител, вешт претприемач со сопствена бизнис – цвеќарница и фирма за украсување ентериери и екстериери за родендени, свадби и други прослави и свечености… Девојка, каква што може само да се посака, што би рекле: „Да ја грабнеш и да бегаш“… А, сепак се’ уште е соло!

Не дека нема друштво и дружба – напротив, „Розмантична“ го живее животот со полни гради шетајќи по монденските дестинации низ светот, истакнувајќи ја секаде каде што треба својата убавина.

Зашто, долгоногата убавица не се срами да покаже со што располага и работно и приватно. Од пиштол голо тело за потребите на музичките видеоклипови, преку блага еротика во запенета када, до топлес и длабоко врежана танга во извајаното га*е на плажа… Госпоѓица „Розмантична“ едноставно е повеќе од секси и харизматична.

Па дури и кога случајно ќе и се случи да покаже  „повеќе од што треба“ и ќе го сподели на својот профил, згодната Емилија зрачи со сексапил. 

Како овој пат, кога испраќајќи го летото од сончевата Марбеља, септемвриското ветре и направи белја, па откако и го подигна фустанчето, убавицата без да сака покажа што има под него. Во кадарот убавицата – соло, во излогот  – „дупло голо“!

Или можеби само така изгледа од овој агол на фотографијата, која ја крие мистеријата: Носи ли нешто убавото “розмантично“ девојче под летното фустанче?

To top