Македонската пејачка Елена Ристеска изминатиот период доби две награди.
Имено, во Турција ја доби наградата за најдобар претставник на македонската култура во светот и во Сокобања доби награда за личност на годината во светот на поп музиката.
Таа истакна дека многу и годат овие признанија и кога ќе ве види дома на својата полица ќе се сети на нешто убаво.
Меѓутоа, во последните две ипол години, Елена помалку е активна на музичката сцена и повеќе е посветена на својот нов бизнис односно лансираше парфеми и гел за туширање „Era cosmetics“.
Неодамна, во интервју за „Радио светски“, Елена откри дека паѓа на мажи кои убаво мирисаат.
На прашањето дали таа е една од оние жени кои паѓаат на мирис на машки парфем, Елена вели:
-Секако, поради тоа создадов и мој парфем. Оној кој го користи мојот парфем, тогаш има предност. Така неодамна објавив дека омилен тип на маж ми е оној кој го користи мојот парфем, се пошегува Елена.
Пејачката истакна дека моментално работи и на музички план односно да најде песна која ќе биде хит во регионот.
Инаку, целото Ристеска е дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот „Наше море, наше скале“ кој ќе се одржи во јуни 2022 во Херцег Нови, Црна Гора.
Целото интервју со Елена погледнете го видеото подолу.
фото: Зоран Зондо Стојановски/принтскрин/јутуб/радио светски