Радио Милева
им се сожали...

На еден од бившите швалери на Далила му падна жал што му прави на кутриот сопруг во „Задруга 5“, па самиот се огласи: „Далила е назаситна во сексот, додека тој ја градеше семејната куќа, таа го изневеруваше со мене“

На еден од бившите швалери на Далила му падна жал што му прави на кутриот сопруг во „Задруга 5“, па самиот се огласи: „Далила е назаситна во сексот, додека тој ја градеше семејната куќа, таа го изневеруваше со мене“

Се (по)јави поранешниот љубовник на Далила Драгојевиќ, која го завела и со која се гледала неколку месеци, иако наголемо била во брак со сопругот Дејан!

Мирсад К. од Тузла, за „Стар“ тврди дека бил во тајна шема со Далила неколку месеци, како и дека таа го убедувала дека ќе го откачи Дејан и ќе остане само со него, но тоа никогаш не се случило!

„Далила е ненаситна кога е сексот во прашање, сака груба акција, а Дејан не ми изгледа така. Не знам како издржаа заедно досега, иако тој и беше покритие за се“, започнува Мирсад.

„Тие двајца само што почнаа да ја градат куќата во која сè уште живеат, Далила и јас се фативме. Се споивме на прва, таа е само некако привлечна и зрачи со некоја луда сексуална енергија, па лесно прифатив и се согласив да биде тоа наша тајна. Речиси секој ден се гледаше тајно со мене, бидејќи јас тогаш живеев во Лозница, а тоа беше блиску до неа, а Дејан маченикот се трудеше и работеше со ѕидарите од утро до вечер за да изгради куќа што е  можно побргу.

Ќе дојдеше кај мене, се сек*авме како луди, а потоа мртва ладна Даллила ќе му се јави  на Дејан за да ја провери како оди работата. Сето тоа го гледав со свои очи, но таа знаеше повторно да ме возбуди толку многу, па како будала верував дека ќе го остави и ќе биде со мене. Сфатив дека најважно и е да има машко за добар секс на страна, а Деки и е добриот сопруг за  во јавност. По некое време престанавме тајно да се гледаме, но сепак ги чувам фотографиите и снимките што се направени додека се гледавме. Можам да ја разоткријам кога сакам, иако таа веќе самата доволно се разоткри. И овој јадник ќе види како ќе биде измамен. И нему му набива рогови, само полека. Можеби и во реалното шоу сега се врати на вистинското однесување, нема веќе кочници, па верувам дека од неа сега се’ може да се очекува. Мило ми е само што Деки се спаси, ако ме праша мене, Господ го погледна, иако верувам дека сега му е тешко, но ќе му помине“ – заклучува Мирсад.

Фото: Зорана Јевтиќ/Никола Анѓиќ

Останати вести од Радио Милева