Пејачката од „Ѕвездите на Гранд“, Зорана Миќановиќ доживеа голема популарност, која тврди дека не ја сменила, со оглед на тоа што останала скромна и приземна. Таа вели дека сè уште е збунета кога луѓето ја препознаваат на улица.
„Навистина останав ист, но кога ќе дојдам во мојот град, во Шабац, кога ќе излезам да купам нешто во продавница, луѓето ме гледаат чудно и коментираат. Сакаат да се фотографираат со мене, а мене се’ уште не ми се верува дека се прославив и дека имам таков хит, но сепак останав нормална! – тврди Зорана.
Зорана Миќановиќ со големо нетрпение чека да ја испрати седумнаесеттата и да го дочека 18-иот роденден, со што наскоро пејачката станува полнолетна за што подготвува голема забава во родниот град.
„Веќе почнавме со подготовките, кој ќе свири, пее, каде ќе славиме. Деновиве имав една чудна ситуација, мајка ми се јави во салата да резервира забава и им кажа на луѓето дека славам 18-ти роденден, тие беа шокирани.
И велат: „Нема шанси, Зорана да нема 18 години“. Постојано имам некои ситуации кога луѓето не ми веруваат дека се’ уште сум малолетна“ – низ смеа изјавила пејачката.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/zorana_micanovic_official