Вчера,6 мај 2020 година, православните верници од христијанска вероисповед го празнуваа Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто. Празник за Македонскиот народ, МПЦ – Охридска архиепископија, а за многумина и посебен ден – именден!
Ѓурѓовден собено го славеја и чествуваа сите оние чие име е Ѓурѓа, Ѓорѓија, Ѓорѓи, Ѓуро, Ѓоре, Гоце, Ганка, Гане, Гина, Гена… А меѓу сите нив и еден познат македонски пејач. најпознатиот, чие име или потчно прекар се врзува токму со христијанските празници, односно со најголемиот – „Велигден“, зашто токму тој Џина Папас Џокси, ја напиша, испеа и остави за навека да се пее неговата песна „На Велигден“, која со текот на времето прерасна во легендарен македонски евергрин.
Некој, особено од помладите сега можеби ќе се праша, каква врска има Џокси со Ѓурѓовден? Од каде пак сега Велигден и Ѓурѓовден, иако како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден па и во народната пена се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.
Малкумина знаат дека на македонскиот кантавтор и пејач Џина Папас Џокси му е всушност уметнички прекар. Ниту тој се вика Џина, ниту му е Папас презимето… Имено, вистинскот име и презиме на Џокси е всушност Ѓорѓе Васиќ. Оттаму и именденот кој го слави токму за време на празнувањето на Ѓурѓовден!
За именденот Џокси доби стотици честитки, најмногу преку социјалните мрежи заради ситуацијата со коранапандемијата. Тој на сите им се заблагодари за честитките, исто така преку своите профили на Фејсбук и Инстаграм, но сепак една од ите честитки ја издвои со посебен пиетет. Онаа од Отец Пимен. Причината, повеќе од посебна.