Денес (17.02.2021) се полнат две години од смртта на пејачот Шабан Шаулиќ кој почина во сообраќајна несреќа во Германија кога се враќал од настап.
Таа вечер, освен пејачот почина и клавијатуристот Мирсад Кериќ, а кумот на Шабан, Слободан Боби Стојадиновиќ преживеа.
Стојадиновиќ сега се потети на кобната ноќ и истакна дека ни по две години не се опоравил од несреќата.

Исто така се потсети и на последните моменти на пејачот.
„Ми кажа да му дадам појас, му реков да не се врзува бидејќи знаев дека отсекогаш му беше проблем. А тој ми рече: „Не, не, остави, јас сакам да се врзам за секој случај. Нешто се брзаше, беше лут на мене бидејќи не го разбудив, доцнеше 3 минути. Воопшто не спиеше, дојде до мојата соба и лупаше на вратата. Чекаше во холот и кога не виде, веднаш излезе и ја фрли цигарата, а тоа никогаш не го правеше“, се потсети Боби за српските медиуми.