Радио Милева
26 години без „момчето од водата“...

На денешен ден почина Милан Младеновиќ, лидерот на култните ЕКВ: „Ти си сета наша болка… на една цела изгубена генерација“ (ВИДЕО)

На денешен ден почина Милан Младеновиќ, лидерот на култните ЕКВ: „Ти си сета наша болка… на една цела изгубена генерација“ (ВИДЕО)

Легендата на југословенскиот рок, основач на неколку култни бендови што го одбележа растот на многумина и иницијатор на новиот бран во ЈУ музиката, Милан Младеновиќ, почина на денешен ден пред точно 26 години.

„Момчето од водата“ е родено на 21 септември 1958 година во Загреб, а во најраното детство ја покажа својата љубов кон музиката. На шестгодишна возраст, со семејството се преселил во Сараево, а во 1970 година во Белград. Тој заврши во 11-тата гимназија во Белград, каде кон крајот на седумдесеттите години заедно со неговиот школски пријател Драгомир Михаиловиќ Гаги го основа својот прв бенд „Лимоново дрво“, а потоа и познатата група „Шарло Акробата“, за подоцна да се здобие со најголема регионална слава во бендот  „ЕКВ “.

Во 1986 година, беше издаден албум со песната „Ти си сета моја болка“, кој „ЕКВ“ ги лансираше директно кон ѕвездите. Тие станаа најпопуларниот бенд и останаа се’ до 1994 година. Секоја девојка од поранешните ЈУ простори во тоа време беше за потајно вљубена во Младеновиќ и имаше многу шпекулации за неговиот љубовен живот, но јавно, малку се знаеше. Последните години од животот ги помина со Маја Маричиќ, која му беше најголема љубов во животот и на која и е посветена песната „Очи со боја на мед“.

После спектакуларниот настап во Будва во 1994 година, Младеновиќ беше итно пренесен во болница, каде му беше дијагностициран рак на панкреасот, од кој почина на 5-ти ноември истата година во Белград каде беше погребан и почива на Новите гробишта во српската престолнина. Со неговата смрт, „Екатерина Велика“ престана да постои. Кога почина, Милан имаше само 36 години и 35 килограми, а неговата смрт беше проследена со многу контроверзии.

Да потсетиме, сите членови на бендот ги следеа приказните за конзумирање наркотици, што во тоа време беше табу тема, а исто така многу се зборуваше за нивниот бурен приватен и љубовен живот. Зад себе оставија песни кои продолжуваат да живеат до денес.

Проклетството на групата „ЕКВ“ не го однесе само Младеновиќ, туку за жал меѓу живите веќе не се ниту Иван Вдовиќ (1961-1992), Маргита Маги Стефановиќ (1959-2002) и Бојан Печар (1960-1998), а во 2013 година во Белград почина и долгогодишниот менаџер на ЕКВ, Небојша Гргиќ – Грга.

Останати вести од Радио Милева