На 3 јануари во 1987 година во Скопје почина Драган Ѓаконовски – Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
Зачетник и основоположник на македонската забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појавил уште во првите повоени години.
Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена “Тема I”, што тој ја создаде во далечната 1947 година.
Бил извонредно надарен музички инструменталист кој ги формирал првите оркестри Ритмички секстет, Забавниот ансамбл и Биг-бендот на Радио Скопје. Роден е во Скопје, на 11 март 1931 година.