Теа Таировиќ која последна настапуваше со Шабан Шаулиќ неколку часа пред сообраќајната несреќа откри детали за последните моменти на пејачот.
„Нашите музичари забележаа дека многу брзаше, а јас тоа не го забележав. Забележав дека беше расположен и дека атмосферата беше одлична.
Се шегувавме пред настапот, разговараме и никој не претпоставуваше дека ќе се случи несреќа.
Некако ми изгледа дека било судено, да настрадате после 50 години кариера, 50 години патувања, а притоа возеше Мирсад кој не пиеше алкохол“ изјави Теа.
Инаку, Теа последна настпуваше со кралот на народната музика и требало да се врати со него, а пејачката на бизарен начин ја избегнала несреќата.
Имав среќа бидејќи не се враќав со нив. Мојот лет беше закажан за 13 часот, а тие имаа утрински лет. Но ситуацијата можеше да биде сосема поинаква.
Имено мене ми се случи незгода бидејќи го изгубив куферот во текот на летот, додека доаѓав во Германија. Шабан и неговиот колега ми рекоа: Да идеше со нашиот лет, немаше да ги изгубиш личните работи!
Но ете што може да биде судбина, да одев со нивниот лет и со нивниот автомобил кога се случила несреќата сега не ќе бев жива.
„Шабан по неговиот последен блок песни отишол хотелот, од каде утрото од Дизелдорф требаше да лета директно за Белград.
-Кога тргнавме на аеродромот ни кажаа дека Шабан имал несреќа и бил повреден, но кога стигнав на аеродромот дознав дека тој починал … “, изјави Теа.
За потсетување, Шабан почина во сообраќајна несреќа на 17 февруари во Германија каде имал настап.