Пејачката Ксенија Пајчин беше трагично убиена на 16 март 2010 година, кога нејзиното момче, манекенот Филип Каписода во наплив на болна љубомора ја уби во нејзиниот стан на улицата Никшиќка, а потоа изврши самоубиство.
Својот последен сингл Пајчин го издаде во 2009 година во соработка со МЦ Стојан „Побрзај“, песна која доживеа голем успех, иако пејачката немаше издадено ниту еден албум од 2006 годинаВо последното гостување во телевизија во емисијата „Вие прашувате“, Ксенија се појави со модринки, па затоа сè уште се шпекулира дека пред да ја убие, Каписода и физички ја злоставувал својата девојка.Само неколку дена после тоа, манекенот ја уби својата девојка, а потоа и самиот си пресуди.
View this post on Instagram
На овој ден, помладата сестра на Ксенија, Миа, секогаш се сеќава на нејзината постара сестра, споделувајќи заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Она што е евидентно дека денес, Миа по физичкиот изглед неодоливо потсетува на нејзината покојна сестра.
Многу слични, речиси идентични црти на лицето, црна долга коса, градба на телото…
Освен тоа, сите што имале можност да се дружат со неа, сведочат дека и нивните енергии се многу слични, па се чини некако, како Ксенија и нејзиниот дух да се „пресликани“ во Миа!
Фото: Инстаграм принтскрин/ksenija_pajcin/pajcin_mia