Поранешната сопруга на фолк пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ се огласи по повод тешката ситуација која му се случи на семејството Лазиќ.
Таа преку својот Инстаграм профил им се заблагодари на сите пријатели, колеги и оние кои мислат на Дарко, па појасни дека не му е потребна крв и дека молитвите се единственото нешто кое може да се направи сега. Таа напиша:
-Благодарам на поддршката и молитвите. Тоа е се што сега можеме да направиме за него. Крв не е потребна, а ако дојде до тоа, прво вас ќе ве известам. Се надеваме и веруваме дека се ќе биде најдобро. Благодарам пишува Ана на Инстаграм „стори“.
Потсетуваме, пејачот Дарко Лазиќ(27) доживеа тешка сообраќајна несреќа, а поради сериозните повреди лекарите се борат за неговиот живот.