Радио Милева

На Дарко Лазиќ му се заканува затвор доколку не плати казна од 2 000 евра

На Дарко Лазиќ му се заканува затвор доколку не плати казна од 2 000 евра

Против пејачот Дарко Лазиќ е поднесена пријава за предизвикување на сообраќајна несреќа на 23 октомври кај Брестач  во која беше тешко повреден.

Доколку се докаже дека е виновен може да плати казна од  2 000 евра и да оди во затвор до 4ипол месеци.

„Поднесена е пријава поради неприлагодена брзина односно пребрзо возење во моментот кога се случила сообраќајката“.

Покрај тоа, тој возел без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба, бидејќи имал 1.39 промили на алкохол.

„Казните за овој вид на прекршок се високи, па Лазиќ ќе мора да плати најмалку 240 000 динари, а најмногу 320 000 динари. Ако не ги плати овие казни може да помине 135 дена во затвор, односно 4ипол дена“ вели соговорник за еден српски портал.

За потсетување, Лазиќ претходната година доживеа тешка сообраќајна несрежа од која едвај преживеа.

фото: Јелена Ивиќ/Јелена Ступарушиќ

To top