Дарко Лазиќ доживува нова агонија. Само што се среди ситуацијата со нозете и нервите кои беа прекинати, поради што не можеше да се движи, тој веќе има нови проблеми. Имено, ѕвездата на “Гранд”, наводно, има потреба од трансплантација на едниот бубрег, а тоа се уште не му го соопштуваат.
„Дарко не знае дека тој има сериозен проблем со своите бубрези и дека најверојатно ќе треба трансплантација. Му рекоа дека едниот му откажал, но не и дека му треба нов орган. Некое време ќе може да живее и да работи со моменталната здравствена состојба, но ќе има сериозен проблем ако здравиот бубрег не функционира целосно. Поради сериозната несреќа, неговите органи биле значително ослабени па мора да добива силни терапии кои значително влијаат врз работата на бубрезите, кои веќе се ослабени“, вели за српски „Ало“ извор близок до пејачот.