Радио Милева

На црвениот тепих секогаш била една од најдобро стилизираните… Но, поради оваа модна комбинација Бела Хадид се чувствувала засрамено

На црвениот тепих секогаш била една од најдобро стилизираните… Но, поради оваа модна комбинација Бела Хадид се чувствувала засрамено

Дури и модните божици каква што е Бела Хадид некогаш носат модни парчиња поради кои од дното на душата се каат, и тоа оние од црвениот тепих.

Славниот супермодел Бела Хадид која е прогласена најубава жена на светот, за „Vogue“ разговарала за своите 15 најневеројатни модни комбинации од претходните години.

Една од нив е и црвениот стајлинг кој го носела на црвениот тепих во 2016 година на Канскиот филмски фестивал.

„И натаму сум засрамена кога ќе се сетам на тоа. Иако фустанот е прекрасен, едноставно не се чувствував убаво во него“, изјавила таа.

Станува збор за провокативен и неверојатно сексапилен фустан со потпис на „Alexandre Vauthier Couture“, а Бела не се чувствувала добро во него поради неговиот крој.

Фустанот откривал повеќе делови од телото: нозете, деколтето, грбот… Изрези, отвори, тенки прерамки, малку од дамите би можеле да го износат овој фустан како што тоа го направила Бела, но сепак таа самата била незадоволна.

Бела Хадид изјавила дека во тој фустан се чувствувала „и сексапилно и нервозно“.

За среќа и без оглед на критичниот крој, Бела успеала мајсторски да го износи фустанот: „Тоа е моето алтер-его, Белинда. Јас сум неговата спротивност“.

Останати вести од Радио Милева