Радио Милева посветена на верата

На Цеца карантинот не и паѓа толку тешко: Пејачката веќе има искуство со куќниот притвор уште од 2011. година, па открива што и дава сила да истрае (ФОТО)

На Цеца карантинот не и паѓа толку тешко: Пејачката веќе има искуство со куќниот притвор уште од 2011. година, па открива што и дава сила да истрае (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ вели дека отсекогаш била побожна, но признава дека му се посветила на Бога уште во 2011 година, додека била во куќен притвор, кога беше осудена заради познатата афера со затајување данок од парите за трансфери на фудбалери од тогаш нејзиниот фудбалски клуб „Обилиќ“.


„Тогаш почнав да ја читам Библијата и уште појасно ги почувствував благодетите од верата. Постепено почнав да се подобрувам, се обидував секој ден да бидам се’ подобра личност. Почнав и да постам редовно за време на сите четири големи пости: Божиќниот, Петровденскиот, Богородичниот и Велигденскиот“ – открива Цеца и додава дека особено му се радува на  Велигден:


Синот Божји Исус Христос го даде животот за сите нас и денот кога ќе го прославиме неговото воскресение во мене ги буди најубавите чувства. Ја почитувам жртвата на Исус, ја ценам љубовта што ја чувствува тој кон секој човек, а најмалку што можам да му вратам е да ги почитувам неговите совети и начела. Јас живеам според нив и тоа не ми паѓа тешко. Вербата во Бога ми даваше сила кога паѓав, а така е и денес“ – се исповеда Цеца.

To top