Радио Милева
интимна дружба по гурмански рецепт

На бујната Нивес Целзиус прво и испаднаа градите при снимањето, а потоа заврши во прегратките на македонскиот водител (ФОТО)

На бујната Нивес Целзиус прво и испаднаа градите при снимањето, а потоа заврши во прегратките на македонскиот водител (ФОТО)

Некогашната хрватската старлета, денес пејачка, а во последно време и актерка  Нивес Целзиус, иако во средни години се уште изгледа повеќе од атрактивно. Особено кога ќе го истакне својот сексапил, а тоа го прави речиси секојдневно покажувајќи ги своите бујни облини… И однапред и одзади, со секоја нова тура провокативни фотографии на Инстаграм.

Деновиве Нивес имаше серија снимања. Што за реклами, што за домаќински работи… Така, таа најпрвин се појави во едно од најсекси изданијата во кои до сега сме ја виделе.

Но, при снимањето на рекламата во која разголената Хрватица беше облечена во нешто што едвај и ја покриваше интимата, доживеа пех, па откако танцувајќи во клечечка поза падна, нејзините гигантски гради кои ионака беа немирни при танцот, излетаа од предвиденото лежиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius) on

Иако Нивес се обиде на Инстаграм со емотикони да ги покрие, за да го „прикрие моментот“, очигледно не најде доволно големи емотикони за нејзините бујни сифони!

 

View this post on Instagram

 

Što je pad?! Ništa što prikladan emotikon ne može sakriti ?? #wettpunktgirl #samoveselo #odjebando #fall #greatestfallever

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius) on

Но, веднаш потоа раскошната нимфа имаше и второ снимање… Овој пат домаќинско, зашто на гости во Загреб и дојде македонскиот водител Драган Вучиќ. Тој е е на турнеја низ регионот каде со познатите естрадни личности ги снима епизодите од своите „Гурмански муабети“ – неговата нова емисија на ТВ Телма.

Дека Нивес е секс бомба е оддамна познато, ама дека е жена домаќинка… покажа кај Вучиќ.

Откако претходно покажа дека одлично знае се’ живо да пегла, на снимањето кај нашиот Вуле покажа дека умее да зготви и понекој специјалитет… по нејзин рецепт.

Патем, случајно или намерно, ќе му ја „зготвеше манџата“, зашто расната Хрватица не пропушти и да заврши во прегратките на македонскиот водител. Од она што може да се види на фотографијата, муабетите не ќе да биле само гурмански?

 

 

Останати вести од Радио Милева