Не станува збор за рак на простата, но ракот е откриен при неодамнешниот третман на зголемен прстата на кој Чарлс Трети беше подложен неодамна.
Уште не е познатно за кој тип на рак станува збор, но кралот започна со „редовни третмани“ веќе во понеделникот, соопштија од палатата.
Кралот е „сосема позитивен за третманот и се радува што ќе им се врати на јавните должности што е можно поскоро“, соопшти од Бакингемската палата.
Неговите обврски во јавноста се одложени и се очекува другите членови на кралското семејство да ги извршуваат должностите наместо него во текот на медицинското лечење.
View this post on Instagram
Во неделата Кралот Чарлс Трети беше на служба во црквата во Сандринген и е виден како им мавта на присутните.
Пред повеќе од една недела во една приватна болница во Лондон, на кралот му беше извршена операција на простатата. Кралот одлучи да ја извести јавноста за третманот со цел да ги охрабри мажите на редовни контроли, соопштија тогаш од Бакингемската палата.
Чарлс Трети беше одушевен од реакцијата на неговата објава, а на интернет страницата на британската здравствена служба е објавено дека се зголемил бројот на пријави за преглед на простата.
Фото: printskrin/instagram/hmkingcharlesiii