Парот од своето смирување, на кое нивните фанови чекаа дури 17 години, изгледа среќно и хармонично, а Афлек негува одлични односи и со поранешната сопруга, познатата актерка Џенифер Гарнер.
Иако во минатото имале многу конфликтни моменти, родителите на 3 деца се трудат да останат пријатели и сè одлично да функционира во нивното семејство, а сега покажале и дека се поблиски отколку што мислиме – толку блиски што дури и Џеј Ло можеби ќе почувствува малку љубомора.
На фотографиите до кои дојде порталот „Page Six“ се гледа како Бен Афлек и Џенифер Гарнер се возат во автомобил во друштво на ќерката Серафина, а во еден момент Џенифер која седи на задното седиште, го прегрнува Афлек додека тој се потпира на неа, со затворени очи, и се смешка.
Поранешниот пар се венчаше во 2005 година, но нивниот брак се распадна поради неверствата, алкохолизмот и зависноста од коцкање на Бен. Гарнер му давала многу шанси, но на крајот се разведоа во 2018 година. Откако се разделија, тие очигледно одлично функционираат, а Џенифер е веќе 5 години во врска со бизнисменот Џон Милер додека Бен по повеќе кратки врски се венчаше со некогашната вереница, Џеј Ло.
фото:Инстаграм принтскрин/ BACKGRID