Мегафон

На Балканот ќе се снима “Contagion 2”

На Балканот ќе се снима “Contagion 2”

Како што пишуваат светските и балкански медиуми, актерот Мет Дејмон би требало набргу да дојде во Србија, а причината е снимањето филм, чија тема е инфекција со страшниот вирус. Кога беше прогласена пандемијата на коронавирусот, филмот “Contagion” (Зараза) на Стивен Спилберг, инаку снимен во 2011 година, стана светски хит.

Темата на филмот е вирус што потекнува од Кина и убива луѓе во светот. Многумина рекоа дека сцените од филмот се идентични со сцените за кои сведочат луѓето во 2020 година. Се вели дека пандемијата на коронавирусот ја инспирирала филмската екипа да снима продолжение, а добар дел од филмот треба да се снима на Балканот.

“Продолжението на филмот “Contagion”, најверојатно, ќе почне да се снима на крајот од 2020 година, поточно во декември. Со оглед на тоа што последиците од коронавирусот во првите неколку месеци во Европа се многу сериозни, продуцентот и режисерот решија да не го снимаат вториот дел од филмот во Америка, туку во одредени делови на Европа, претежно во Италија, а одредени сцени ќе се снимаат во Белград, но и во Црна Гора”, вели извор за “Ало”.

“Имајќи предвид дека голем број странски филмови се снимаа во српската престолнина и дека имаат искуство во работењето со нашиот народ, тимот што работи на проектот “Contagion 2″ (Зараза 2), кој е работен наслов, реши без размислување одредени сцени да се снимаат во Белград. Тимот од првиот дел од филмот ќе се појави на сетот, а главен актер ќе биде Мет Дејмон, чиј лик беше имун на вирусот во првиот дел од филмот”, заклучува изворот.

To top